Харадинај: Во Тетово се чувствувам како во местото каде сум роден

Од:

Поранешниот командант на УЧК, Рамуш Харадинај е прогласен за почесен граѓанин на Тетово.

„Се чувствувам тука исто како во местото каде што сум роден. Тетово е нашата историја и одлучноста да се оди напред. Оваа чест не е само за денес туку и за иднината. Ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам и посрамам“, истакна Рамуш Харадинај, актуелен претседател на Алијансата за иднина на Косово.

За градоначалникот на Тетово Сади Беџети, Харадинај е протагонист на современата политика.

„Ние се восхитуваме од неговата биографија, се гордееме со неговото дело и изразуваме длабока почит на универзалните и националните заложби“, рече Беџети.

Харадинај во тетово се сретна со лидерот на ДПА, Мендух Тачи , а потоа го посети и гробот на Арбен Џафери.

Одлуката за прогласување на Харадинај наиде на отпор кај советниците Македонци.

Лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека се прави, како што рече недоветна и наудрена. секогаш кога се случуваат непријатни ситуации предизвикани од албанските екстремисти во земјава.

Директорот на инспекторатот за локална самоуправа, Ванчо Шехтански најави дека ќе ја поништи одлуката на тетовскиот Совет, откако ќе утврди дали била донесена со Бадентерово мнозинство.

Би можело да ве интересира

48-годишен маж од Тетово е осомничен за посредување во проституција

Горан Наумовски

Тетовчанец ја истепал сопругата и двете малолетни деца

Биљал Касами ќе оди по нов градоначалнички мандат во Тетово

Катерина Ѓуровски

Уапсени 18-годишник и малолетник од Тетово, осомничени се за силување на две малолетнички

Мечка нападна жена во атарот на тетовското село Синичане

Тетовец со 2,63 промили алкохол во крвта возел автомобил