Харадинај му го честита на Пендаровски изборот за претседател на Северна Македонија

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му ја честита денеска на Стево Пендаровски победата на претседателските избори, а на граѓаните на Северна Македонија им честита за слободните и демократски избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Преку објава на Фејсбук, Харадинај порача дека Косово останува посветено на јакнењето на соработката со соседната земја, „за доброто на двата народа, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива“.

– Честитки за граѓаните на Северна Македонија за слободните и демократски претседателски избори. Во оваа прилика му честитам и на избраниот претседател, Стево Пендаровски. Косово е секогаш подготвено за јакнење на соработката и унапредување на добрите односи со Северна Македонија, за доброто на двата наши народи, за јакнењето на регионалната соработка и зедничката евроатлантска перспектива, напиша Харадинај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија