ВИДЕО: Хаос во Собранието, пратениците на СДСМ нападнати

Од:

Пратениците на СДСМ се нападнати во Собранието, а полицијата никаде ја нема. Вистински хаос се случува внатре, откако беа пуштени демонстрантите внатре, а полицијата не реагираше и остави да се случува хаос.

Зоран Заев, Дамјан Манчевски и Максим Димитриевски и Зијадин Села се повредени.

Нападнат е и Оливер Спасовски. Толпата која упадна во Собранието, кршеше се пред себе и фрлаше со се што им дојде до рака. Неколкумина со качулки со аплауз беа испратени од холот во Законодавниот дом.

Демонстрантите се и во дебатната сала и во прес центарот, полицијата не реагира.

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он