Хан во понеделник во Скопје

Од:

Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, во понеделник ќе допатува во Скопје со цел да ги откочи преговорите за имлпементирање на политичкиот договор од 2 јуни/15 јули, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Како што неговата портпаролка Маја Коцијанчич потврди во изјава за МИА, Европската комисија одблиску го следи развојот на настаните во Република Македонија и бара четирите политички партии да се држат до распоредот во спроведувањето на точките од договорот што донесе крај на политичката криза во земјата.

– Можам да потврдам дека комесарот Хан, идната недела, поточно во понеделник ќе отпатува во Скопје за да се сретне со сите засегнати страни. Брисел ја следи ситуацијата одблиску и уште еднаш ќе повториме дека Европската комисија очекува партиите да се држат до распоредот во имплементирањето на точките од договорот од 2 јуни/15 јули, истакна Коцијанчич во изјава за МИА.

Токму поради Турција, но и Македонија, Еврокомисијата за првпат на подолг период го одложи објавувањето на прогрес-извештаите за напредокот на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија. Истите, се планира на крајот на овој месец или на почетокот на ноември да бидат објавени, а зависат од усвојувањето на Акцискиот план за мигрантите со Турција, како и од развојот на политичките преговори во Македонија, од што зависи и давањето на седма последователна препорака за отворање на пристапните преговори.

– ЕК ги објавува извештаите отприлика ова време во годината. Но, во момент кога ќе се осигураме дека презентирањето и нивното усвојување ќе добие целосно јавно внимание што го заслужуваат извештаите, тогаш претседателот Жан-Клод Јункер ќе оцени кога да се објават, посочи главниот портпарол на Еврокомисијата, Маргаритис Схинас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Цела Европа ќе гори, опасноста се движи кон исток“: Алармантно предупредување од Одделот на ЕУ за вонредни ситуации

ЕУ го повика Иран да ја прекине воената поддршка за Русија

Арбен Фетаи е именуван за специјален пратеник за Европска Унија

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум