Хан: Важно е да се работи на итните реформски приоритети

Од:

Важно е да се работи итните реформски приоритети кои беа договорени пред две години да се имплементираат, изјави за Макфакс еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, кој учествува на бизнис форумот кој се одржува во Трст, во рамките на Самитот на ЕУ за Западен Балкан.

„Економската соработка треба да му помогне на Скопје да се интегрира во еден поголем пазар од 20 милиони луѓе и ова треба да го направи регионот поатрактивен за странските инвеститори. Ова ќе ја стимулира економијата, ќе создаде работни места и ќе ја подготви земјата за членство во ЕУ. Важно е да се работи итните реформи приоритети кои беа договорени пред две години, тие да се имплементираат и за ова постои голема поддршка“, вели Хан.

Според него, во заеднички интерес е земјата да го оствари неопходниот напредок.

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија