Хан по средбата со Мицкоски: Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки

Од:

Корисен разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. Бев кристално јасен дека ратификацијата на Договорот од Преспа мора да се финализира брзо и без никакви пречки. Ја поздравувам неговата посветеност да не го опструира процесот во Собранието. На евроинтеграциите им е потребна лојална опозиција, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на „Твитер“ по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на маргините на самитот на Европските народни партии во Хелсинки.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека на средбата Мицкоски нагласил дека стратешки приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е членство на Република Македонија во Европската Унија и дека во таа насока партијата ќе продолжи да дава значителен придонес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Премиерот Мицкоски во политичко-економска посета на Унгарија

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви