Хан: Не е важно сите да учествуваат на изборите туку тие да се квалитетни

Од:

Еврокомесарот Јоханес Хан во интервју за бугарски Капитал посочи дека не е важно дали сите партии ќе учествуваат на изборите во Македонија туку дека е важен квалитетот на истите.

– Договорот меѓу опозицијата и Груевски за разрешување на политичката криза во Македонија има многу елементи, и изборите во април се само еден од нив. Дел од тие елементи се исполнети, макар и по крајниот рок што беше предвиден. Се разбира, во таква чувствителна ситуација е убаво да има национален консензус. Но, треба да прифатиме дека тоа може и да е недостижно. Она, што е значајно за нас, е изборите да се фер и демократски.

12606896_10208510618672624_1297745589_n

Еврокомесарот Јоханес Хан повторно смета дека проблемот со изборите во Македонија може да се реши со бројот на набљудувачи од ОБСЕ, а не со нееднаквите изборните услови за власта и опозицијата многу порано пред денот на гласање.

-Работиме со ОБСЕ и тие ќе испратат повеќе луѓе од вообичаено да набљудуваат, како во подготвителната фаза, така и на самото гласање на изборниот ден. Во Турција, на пример, на последните избори имаше 30 набљудувачи, а сега, во Македонија, многукратно помала држава, ќе има 24. ОБСЕ се подготвени да ѝ помагаат на македонската ДИК, ако таа побара помош. Пак ќе речам, за нас одлучувачко е изборите да се случат на фер, транспарентен и демократски начин. Не е важно дали сите ќе учествуваат, важен е квалитетот на изборниот процес. На оваа основа можеме да правиме следни чекори и да продолжиме напред. Ако има позитивен резултат од ова, очекувам дека државите од ЕУ ќе работат проактивно за решавање на проблемот со името. Зашто блокирањето на преговорите за членство од страна на Бугарија и на Грција придонесува за создавањето на оваа атмосфера, и за ситуацијата што во Македонија ја имаме во моментов. Неопходни се политички решенија. Пред десет години Македонија беше првенецот во балканското одделение. Сега е во далеку полоша форма. И искуството покажува дека ако државите немаат европска перспектива нештата се изјаловуваат – рече Хан.

capital.bg

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“