Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Од:

Досегашниот директор на Државниот инспекторат за локална самоуправа и кандидат на ВРЕДИ за градоначалник на Општина Брвеница, Хаќим Рамадани, кој вчера ги изгуби изборите од кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски, на својот Фејсбук профил објави дека од денеска е невработен и бара работа во приватни компании.

–Од денеска сум невработен. Дипломиран економист сум. Барам работа само во приватни компании, напиша Рамадани.

И покрај договорот за меѓусебна поддршка, Рамадани пред изборите изјавуваше дека мора да ја добие изборната трка за градоначалник зашто е Албанец и повикуваше гласачи од странство за да го победи кандидатот Илиевски. Поради ваквите изјави, премиерот Христијан Мицкоски пред неколку дена најави дека Рамадани ќе биде разрешен од директорското место во Инспекторатот за локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

Приведен возач без дозвола и двајца малолетни сопатници, во возилото пронајден пит бул повреден во борба со кучиња

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Опожарени три возила кај Бит Пазар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Претрес во Делчево, пронајдена дрога и огревно дрво без документација, лишено од слобода едно лице

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението