Хакери посегнаа по сметки на македонски клиенти

Од:

Повеќе корисници на услугите на филијала на банка во Штип во текот на ноќта и рано изутрината добиле известување дека имаат неуспешен обид за трансакција од нивната сметка.

Еден од нив е 40-годишен штипјанец, кому изутрината по три часот, му стигнала СМС-порака дека има неуспешна трансакција за подигнување на 10.600 денари, објави Мета.

Трагата, според медиумот, водела до Кипарските Острови, од каде веројатно бил хакерскиот обид. До оштетените клиенти на банката стигнало известување дека ќе добијат нова електронска картичка.

Од банката не сакале да коментираат, но ова, според некои од корисниците, не е единствениот пример кога се случувале чудни трансакции со нивните сметки. Клиент на банката, бизнисмен, неодамна сведочеше дека кога сакал да трансферира близу 15.000 денари од сметка на сметка, му стигнало известување дека нема толку пари на сметката, иако имал пет пати повеќе. Веднаш реагирал кај банката, каде го информирале дека проблемот ќе го средат во текот на денот. Дури утредента можел непречено да работи со сметката.
Се работи за две угледни банки со странски капитал.

Последниот случај од рано изутрината, според информатичарите, веројатно се должи на неук хакер, кој, за среќа, не успеал до крај да ја реализира намерата.

Би можело да ве интересира

Европа остана без пари за војна и сака да ги земе останатите од џебовите на луѓето, вели Орбан

Фицо: Планот на ЕУ за користење на руски средства за Украина би можел да пропадне поради сериозни ризици

Разбојник зел 4.000 денари, па му вратил 1.000 денари на ограбениот

Татко и брат натепале 13 годишно девојче од радовишко село

А1он

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Милијарди евра руски пари се „замрзнати“ во Швајцарија