А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Хачинсон: НАТО формира тим за борба со хибридни закани во Северна Македонија

by А1он14/04/2020 - 20:151665
Share0

НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од корнавирус во Западен Балкан, изјави за МИА амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Алијансата очекува од Скопје дополнителни информации за формирање на таков тим и за Северна Македонија, а чија цел е подготовка на медиумите во земјата како да ги одвратат кампањите на дезинформација од Русија, изјави амабасадрката на денешниот онлајн видео брифинг за новинарите во Вашингтон, потенцирајќи дека тимот во Црна Гора е веќе распореден.

Според амбасадорката, како најнова членка на НАТО, Северна Македонија е посебна цел на кампањата на дезинформации организирана од Кремљ.

– Во Северна Македонија се шират многу лажни вести во однос на коронавирусот и помошта во опрема што НАТО ја даде на сојузничка за справување со кризата во вонредни ситуации, додаде Хачинсон.

Следете a1on на Youtube YouTube

Според неа, дезинформациите од Русија се случуваат одамна, уште кога Северна Македонија побара да стане членка на НАТО и продолжија кога приемот на земјата во Алијансата беше потврден.

– Ние се обидуваме директно да се спротивставиме со факти дека Северна Македонија е полноправна членка и како сојузничка е поддржана од НАТО во оваа криза и дека помошта ќе продолжи, вклучително и помош за справување со дезинформациите кои доаѓаат од руски извори, изјави амбасадорката.

Лидерите на воената алијанса одобрија создавање на тимови за борба со хибридни закани во јули 2018 година. Овие тимови обезбедуваат специјализирана помош по мерка, побарана од сојузниците, за справување и одговор на хибридните закани.

Хачинсон ги повикува сојузниците од НАТО да се спротистават на дезинформациите од Русија и Кина во однос на коронавирусот, посочувајќи дека никој не очекувал оти во време на светска пандемија, противниците на Алијансата ќе го изразат своето незадоволство токму така.

– Тие лажно известуваат дека праќаат помош, тие лажно известуваат дека овој вирус се појавил или во Европа или во САД, зависно кој медиум ја пласира информацијата. Тоа е апсолутно лажно, и се обидуваме да одговориме на неточната информација со факти, порача Хачинсон.

Амабасадрката укажа дека сето тоа е дел од постојаната и забележлива хибридна и кибер војна „со која не само што се обидуваат да шират незадоволство, но и да го девалвираат нашето лидерството во време кога западните општества бараат лидери за справување со безбедноста и помошта што им е потребна во време на криза“.

– Енергично сме против во положба сите заедно од Алијанста јасно да кажеме: одбиваме дезинформации во време на хуманитарна криза, истакна амбасадорката Хачинсон на денешниот брифинг за новинарите.

hachinsonnato

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Предраг Петровиќ26/09/2026 - 18:49

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

Катерина Ѓуровски19/09/2026 - 18:50

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Катерина Ѓуровски18/09/2026 - 10:55

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 08:33

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Горан Наумовски10/09/2026 - 07:07

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина

Предраг Петровиќ02/09/2026 - 21:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео