Хачинсон: Горди сме што ја имаме Северна Македонија како сојузник во НАТО

Од:

Горди сме што ја имаме Северна Македонија како полноправна членка на НАТО. Народот на Северна Македонија покажа голема храброст во прифаќањето на оваа политичка одлука, изјави за МИА постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон.

– Тие работеа цели 20 години да станат членка на НАТО, и многу сме горди што им посакуваме добредојде, изјави таа денеска на видео брифинг за новинарите.

Таа додаде дека вратата на НАТО останува отворена за земјите кои сакаат демократија, слобода, слободи медиуми, човекови права и владеење на правото.

– Овие се основните вредности што членките на НАТО ги поседуваат и се заколнаа да ги штитат. Македонија, Северна Македонија, дојде во пресрет со неопходните реформи, и ние сме многу горди што ја нарекуваме сојузник, изјави Хачинсон.

Брифингот на постојаниот претставник на САД во НАТО се оддржа во пресрет на министерскиот состанок на воената Алијанса што утре се оддржува во Брисел.

На состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на шефови на дипломатии ќе присуствува и македонскиот министер на надворешни работи Никола Димитров.

Ова ќе биде прво учество на Северна Македонија, на едно заседание на Алијансата како полноправна членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени