А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Групно венчавање во Куманово

by А1он24/05/2015 - 14:13135
Share0

Пет брачни двојки денеска се венчаа во црквата „Света Петка“ во кумановската населба Бедиње.

Добивај вести на вибер

Групната венчавка се спроведува по втор пат во оваа црква, а трет пат во епрхијата со благослов на митрополитот на Кумановско-осоговската епрахија г. Јосиф. Сопружниците кои со години се во граѓански брак се решиле понатамошниот брачен живот да го поминат со исполување на Светата тајна венчавање.

– Никој не се сомнева во љубовта на овие брачни двојки, но со венчавањето ќе го имаат Христа меѓу себе за да биде водител во нивниот живот, изјави отец Антонио Стоилковски од црквата „Света Петка“.

Тој апелираше до паровите кои не се венчани да се обратат во Црквата, да ги споделат размислувањата со своите свештеници, со кои ќе пронајдат заеднчко решение за сите проблеми и да не го започнуваат својот заеднички живот без Светата тајна – венчавање.

Сопружниците Димче и Лидија Петковски, кои 37 години се во брак велат дека кога стапиле во брачна заедница условите биле поинкави. Денеска нивни сведоци беа двајцата возрасни синови.

По 45 години заеднички граѓански брак се венчаа и сопружниците Ѓорѓи и Миланка Димитровски, кои беа придружувани од своето семејство и внучето.

Биљана и Горан Димиќ кои денеска се венчаа по 23 години брак им се заблагодарија на епархијата, митрополитот на Кумановско-осоговската епрхија и свештенослужителите кои овозможија групно венчавање.

kumanovo

Би можело да ве интересира

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Горан Наумовски23/03/2026 - 14:15

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он22/03/2026 - 13:3022/03/2026 - 13:55

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он26/02/2026 - 15:08

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Предраг Петровиќ26/01/2026 - 17:55

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:5420/01/2026 - 11:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто