Осумнаесет лица денеска беа групно крстени во водите на Тиквешкото Езеро.
– Настанот е во организација на Повардарската Епархија. Лани за прв пат пристапивме кон групно крштевање во водите на Тиквешкото Езеро, а годинава тоа го правиме за втор пат. Се надеваме дека групната крштевка ќе стане традиција, рече отец Трајче Грозданов, координатор на Полошкиот манастир кој се наоѓа на брегот на езерото.
Тој изрази задоволство од интересот за групната крштевка.
– Со крштевањето овие верници ја примија првата света тајна и беа очистени од досегашните гревови, а на крај и се причестија, појасни Грозданов кој изрази задоволство од интересот за крштевањето.
Минатата година 31 лице на свечен начин се соединија со Христа во рамките на групното крштевање на Тиквешкото Езеро.