На избирачкото место 2812 во Капиштец, општина Центар, за бележано е масовно или групно гласање на лицата од Пустец, република Албанија. Едно лице гласало за сите 12. Истата состојба е евидентирана и на избирачкото место еден 2855 во Домот н а градежници.
Лицата од Пустец се носени со комбиња на гласање, а алфите со обрач не дозволуваат никој да се приближи.
Како што веќе информираше А1он, по 15 часот дадена е наредба за гласање на овие лица од Пустец.
На гласачкото место кај ФФМ во општина Центар пристигнаа 10-тина жителите на Пустец, Република Албанија.
Реагирале контролори од една политичка партија, но припадниците на Алфите им овозможија непречено да гласаат. На лицата кои сакале ова да го снимат им се одземени мобилните телефони со целиот снимен материјал.
Во исто време во населбата Пролет, исто така во Центар, Алфите го обезбедуваа гласањето на жителите на Пустец. Никому не е дозволено да се приближи или да фотографира.
Жители на Пустец гласаа и кај Градежниот факултет и во Капиштец.