Групата за процена во ЦУК предлага да се продолжи кризната состојба

Од:

Денеска во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на Групата за процена во ЦУК. Со седницата на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи, информираат од ЦУК.

Согласно дневниот ред беше оформен предлог до Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Северна Македонија да достави предлог до Собранието на Република Северна Македонија за
продолжување на прогласената кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението, a можниот датум треба да биде деновите потврден.

Истовремено, институциите во Системот за управување со кризи продолжуваат со активностите согласно Акцискиот план за превенција и справување со ширењето на заразната болест, а согласно планот за координирано дејствување, донесен на Втората седница на Главниот Штаб за управување со кризи.

Би можело да ве интересира

Активни се два пожара на отворен простор, четири се ставени под контрола

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

Денеска активни се девет пожари, а три се под контрола

Активни се седум пожари, а 16 се изгаснати

Горан Наумовски

Денеска активни се осум пожари

Нова огнена статистика: 31 пожар на отворено, четири сè уште се активни