Груевски: Загрижувачки е што Бранко мисли дека радикално требало да ги тепа пензионерите, земјоделците и социјалците

Од:

Премиерот Никола Груевски изјави дека тоа што лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски жали што не бил порадикален е многу опасна и загрижувачка изјава, за која треба да размислат и членовите на неговата партија.

– Не знам во што можел да биде порадикален – дали требало да пука во народот од другата страна, кој се собра да изрази незадоволство од неговото однесување, дали жали што не успеа да го пробие кордонот и да ги нападне од другата страна луѓето кои стоеја, кои беа главно пензионери и земјоделци, приматели на социјална помош и други загрижени граѓани од случувањата, кои тој ги навести и почна да ги прави, изјави Груевски.

Според него, таквата изјава треба да ги замисли не само тие што се легитимно избрани на власт, туку и членовите на СДСМ кои, како што рече, треба да се прашаат кого следат и каде тој ги води.

– Се сеќаваат граѓаните што направи. И дека сега по секоја цена, по цена на жртви, по цена на повредени, по цена на тотално уништување на имиџот и на угледот на државата, сака со насилство да се врати на власт, додаде Груевски во изјава по промоција на нови наслови од проектот за превод на илјада стручни книги.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски