Груевски во Прага ќе говори на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО

Од:

Претседателот на Парламентарната асамблеја на НАТО, Карл А. Ламерс  оцени дека вратите на НАТО треба да останат отворени за земјите (Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија) кои аспирираат за влез во Северноатлантската алијанса, јави дописникот на МИА од Прага.

– Да ги засилиме мостовите меѓу партнерите и да изградиме мостови со нови партнери, порача Ламерс во уводното излагање на денешната пленарна седница на 58.годишно заседание на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО што од 9-12 ноември се одржува во чешката престолнина.

На седницата ќе говори и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

Покрај Македонија, на годинашниот состанок на Парламентарната асамблеја на НАТО ќе присуствуваат и ќе одржат говори и претседателите на останатите актуелни земји-кандидати за пристапување во НАТО, на Црна Гора Филип Вујановиќ, на Грузија Михаил Саакашвили и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Небојша Радмановиќ.

На сесијата, покрај највисоките државни лидери на Чешка, земјата домаќин, ќе се обрати и Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Изминатите три дена, 350 пратеници од 28 земји членки на НАТО од Северна Америка и Европа, како и делегати од земјите-партнери, набљудувачи и експерти се посветија на ситуацијата во Украина, разговараа за постапувањето во кризата во Сирија и за пристапувањето на нови држави во Алијансата.

Ситуацијата во Сирија, според НАТО е сериозна. – Агресијата против цивилното население е неприфатливо. Сакаме да создадеме безбедна клима во таа област и Конгресот би требало да ни помогне во тоа, изјави претседателот на ПС на НАТО, Карл Ламерс.

Ламерс оцени дека според набљудувачите на Алијансата неодамнешните избори во Украина не биле транспарентни и тамошните медиуми не известувеле избалансирано.

Делегатите исто така разговараа за иднината на Алијансата од економска гледна точка. – Тековната економска криза е вистински предизвик за НАТО и ние не можеме да дозволиме да се намалува буџетот на начин кој ја загрозува нашата безбедност, рече Ламерс.

Една од темите беше и повлекувањето на единиците на НАТО од Авганистан. – Силите на Алијансата би требало да се повлечат од таа земја до 2014 година. Ние секако и понатаму сакаме да ги поддржуваме безбедносни сили таму и да ја одржуваме стабилноста, додаде Ламерс.

На сесијата, претставниците на НАТО разговараа и за проширувањето со нови земји, како и за иранската нуклеарна програма и односите со земјите на северна Африка.

Состанокот на Алијансата во Прага се одржува по 10 години од Самитот на НАТО кој во 2002 година се одржа во чешкиот главен град, кога беше одлучено да се поканат седум нови членки Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словенија и Словачка.

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он