Груевски во Прага ќе се сретне со чешкиот премиер Нечас

Од:

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска во Прага ќе се сретне со претседателот на чешката Влада Петр Нечас.

Премиерите ќе разговараат за можностите за продлабочување на економските односи меѓу двете земји и за интеграцијата на Македонија во евро-атлантските структури, јави дописникот на МИА од Чешка.

Претседателот на Владата на Република Македонија вчера имаше обраќање на пленарна седница на 58. годишното заседание на Парламентарното собрание (ПС) на НАТО, што од 9 до 12 ноември се одржува во Прага.

На маргините на Парламентарното собрание Груевски оствари неформална средба со генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, на која двајцата размениле мислења и информации околу реформите што ги спроведува нашата земја, како и околу евроатланската интеграција на Македонија.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on