Груевски во политичко-економска посета на Израел

Од:

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска престојува во посета на Државата Израел,  каде ќе оствари средба со неговиот израелски колега Бенјамин Нетанјаху, соопшти владината служба за информирање.

Во владината делегација се и министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф.
Груевски и делегацијата, во Ерусалим, ќе се обратат на бизнис форум на кој ќе бидат презентирани можностите за инвестирање во Република Македонија.

Со цел воспоставување соработка на полето на јавното здравство, македонскиот премиер ќе оствари посета на реномираниот медицински центар Хадаса.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он