Груевски: Во борба за гласови се злоупотребуваат ситуации од минатото

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски како злоупотреба на ситуација од минатото го оцени обвинувањето од независниот кандидат за градоначалник на општина Могила Стево Пивковски дека неговиот противкандидат од коалицијата „За подобра Македонија“ Славко Велевски поткупувал гласачи.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата при денешната посета на скопската населба Хром, Рече дека жали што некои луѓе во борба за победа и освојување гласови злоупотребуваат и ситуации од минатото.

– Вчера ми беше поставено истото прашање и јас бев затекнат и не знаев за такво нешто. Проверив и со градоначалникот, но и  со други луѓе за да сум сигурен дека сум чул од повеќе извори. Сите ми кажаа дека се работи за злоупотреба од тој што ја извадил снимката. Станува збор за случај од пред една или неколку  години кога градоначалникот на Могила сакал да и помогне на една постара, изнемоштена, сиромашна жена на која лично од свои средства и подарил 1.000 денари по повод Велигден, појасни Груевски.

Таа снимка од тогаш, нагласи, некој ја вади и ја прикажува како обид за поткупување.

Би можело да ве интересира

Кремљ ги отфрли обвинувањата на Вашингтон за мешање во претседателските избори во САД

Бугарија оди на седми избори во последните три години: „Ова е деструктивно“

Горан Наумовски

Подгорица оди на вонредни избори

Нацистички ловец во Франција ги советува Евреите да гласаат за екстремната десница

Горан Наумовски

Избори во Велика Британија: Граѓаните одлучуваат кој ќе ја формира нова влада

Горан Наумовски

Утре се изборите во Велика Британија, некои конзервативци веќе го признаа поразот