Груевски: ВМРО – ДПМНЕ има далеку поголема поддршка од народот за разлика од СДСМ

Од:

На 24. март треба да гласаме за број 19. Сокол Митревски и за број 4. Методија Наковски, носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за членови на Советот, што ќе биде партнер на градоначалникот во реализација на неговите проекти, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и премиер Никола Груевски на митингот на коалицијата „За подобра Македонија“ што се одржа вечерва во општина Ѓорче Петров.

Сокол Митревски, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО – ДПМНЕ, истакна Груевски, прецизно и ефикасно го заврши претходниот мандат и направи многу работи и бидете цврсто уверени дека се што сега е ветено ќе биде остварено во наредниот период. Затоа, рече, заслужува нов мандат, затоа што на Ѓорче му требаат луѓе кои ќе продолжат да работат со силно темпо да создаваат дела, да градат и да се грижат за луѓето што живеат тука.

– Оваа политичка гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ не ветува се и сешто, туку многу е внимателна при ветувањата. Тоа што ќе го вети се остварува, но тоа е реално осмислено и е реален приоритет на општината, рече лидерот на партијата, додавајќи оти над 85 отсто од програмите на Сокол Митревски и на Коце Трајановски се реализирани, но што е важно реализирани се и проекти кои не биле ветени, а сепак биле остварени, што е една од основните карактеристики на ВМРО-ДПМНЕ.

Противкандидатот на Сокол Митревски од СДСМ, како што рече, е се уште политички незрел и не сфаќа оти не може по 22 години некој да го лаже народот со нереални проекти и ветувања.

– СДСМ во последните денови почнаа и ќе продолжат да вршат максимален обид да се спасат од поразот и да ги прогласат изборите за нелегитимни, не фер и недемократски и сето тоа само да се спаси кариерата на Бранко Црвенковски и тој во недела вечер да не каже дека изгубил туку оти тоа било нешто нерегуларно, режим, тиранија…, нагласи Груевски. Според него, ВМРО – ДПМНЕ има далеку поголема поддршка од народот за разлика од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата