Груевски вети реконструкција на пет болници

Од:

Со средства во висина од околу 40 милиони евра во текот на наредниот период треба да почне изградбата на Клиничката болница во Штип и темелни реконструкции на болницата Свети Еразмо во Охрид, на болниците во Битола и Прилеп, на Клиничката болница за хируршки болести Свети „Наум Охридски“ во Скопје, а веќе е започната реконструкцијата на болницата во Кичево.

– Тие значително ќе ја подобрат инфраструктурата на болниците во Република Македонија. Се работи за инвестиција од околу 40 милиони евра која ќе се заврши во наредната една година, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето на камен темелникот за изградба на нова спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“.

Реконструкцијата на петте и изградбата на нова болница во Штип треба да почнат до крајот на годината и да завршат за период од околу една година.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски