Груевски: Верувам дека пратениците од опозицијата наскоро ќе се вратат во Собранието

Од:

Мандатарот на новата Влада Никола Груевски во денешното експозе изрази уверување дека пратениците од опозициската СДСМ и коалицијата кои не ги имаат прифатено пратеничките мандати наскоро ќе се вратат во Собранието на Република Македонија и ќе ја извршуваат функцијата за која ја добиле довербата од граѓаните.

Тој им го честита изборот на сите пратеници и им порача дека од нив, како коректив на Владата, во голема мерkа зависи успехот на Македонија и оти со искрен пристап кон работата, заеднички ќе може да се оправда довербата што ja добиле од граѓаните.

– Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои заради политиките и интересите на партиското раководство одлучија денесka да не следат преку медиумите, и за кои верувам набрзо ќе се вратат во оваа сала, за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месецa, рече Груевски во експозето.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски