Груевски: Употребата на хемиско оружје во Сирија не смее да се толерира

Од:

Мирот, разрешување на конфликтите, заштитата на човековите права, се постулати на ОН, а денес се уште поголем предизвик на кој треба смело да пристапиме за да го надминеме. Република Македонија ги поддржува пристапите на Обединетите Нации за надминување на предизвиците. Активно придонесуваме во промоцијата на мирот на меѓународно ниво, учествувајќи во меѓународните мисии кои ја обезбедуваат слободата и демократијата, истакна премиерот Груевски обраќајќи се пред Генералното собрание на Обединетите Нации.

Говорејќи за едно од главните прашања, кризата во Сирија и внатрешениот конфликт со над 100.000 жртви и 2 милиони бегалци, она што предизвикува уште поголем проблем при дипломатските напори, како што рече, е што сирискиот народ беше соочен со употребата на хемиско оружје, кое е строго забрането со меѓународните закони.

– Ова не смее да се толерира. Ние спаѓаме во оние држави кои побараа итна истрага, под покровителство на Механизмот на Генералниот секретар за истрага на наводна употреба на хемиско и биолошко оружје. И покрај гледиштата, сите земји-членки на Советот за безбедност и на Обединетите нации се обединети дека при разрешувањето на кризата треба да се даде шанса на политичкиот пристап, рече Груевски.

Според него, неопходно е да се сконцентрираат максимални напори на ревитализација на барањето за политичко решавање и свикување на конференцијата Женева ИИ колку што е можно поскоро.

– Сирискиот народ заслужува подобри денови преку решителна акција на меѓународната заедница која ќе стави крај на насилствата и загрозувањата, рече премиерот Никола Груевски на крајот од својот говор.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on