Груевски упати честитка по повод Националниот ден на Власите

Од:

Премиерот Никола Груевски во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, на сите припадници на Влашката заедница во Република Македонија и надвор од нашата земја, им го честита 23 мај – Националниот ден на Власите.

– Одбележувањето на овој празник претставува скромен, но значаен симбол на вреднувањето и почитта која Република Македонија ја има за своите граѓани од влашка националност. Вашиот народ бил присутен на овие простори со векови и учествувал во сите поважни настани кои денес ја одбележуваат македонската историја. Ваквата историска поврзаност на нашите народи, споделувањето на истата судбина и заедничката работа и посветеност на решавање на заедничките проблеми создале нераскинлива врска која опстои и денес. Поради сето ова влашката заедница претставува неизоставен дел од нашето општество. Вашата култура и обичаи се препознатливи и добро познати, а нивниот придонес кон диверзитетот на култури претставува извор на гордост за Македонија, се вели во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски