Груевски: Унијата на млади сили е иднината не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на државата

Од:

Овој 15 септември се разликува од оној на СДСМ, денеска е 15 септември кога до Универзалната сала дојдовте по нови булевари и улици, кога земјоделците добиваат годишно по 130 милиони евра субвенции, кога се инвестира во здравството и во образованието и се прават крупни реформи, кога се изградени нови објекти за 24 основни и четири средни училишта, а се реновирани над 200 училишта, додека во тек е реновирање на над 130 училишта, се реновираат болници, студентски домови, се доделуваат ваучери за бесплатни компјутери, се грижиме за пензионерите, а изградени се над 200 локални патишта во Македонија, околу 300 километри регионални патишта и 38 километри автопат, се грижиме буквално за секоја сфера во општеството.

Вака лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски им се обрати на неговите сопартијци од Унијата на млади сили кои денеска под мотото „Младоста на наша страна“ ја одбележа 21-годишнината од постоењето.

– Ова е дефинитивно друг 15 септември, различен од оној на големите неостварени ветувања кога на крај еден политичар ја изигра довербата на граѓаните ветувајќи многу неостварувајќи ништо, рече Груевски, додавајќи дека на оној 15 септември беа дадени празни ветувања, без дела и проекти за бугарски пасош на Владо Димов, кој купуваше бисерни ѓердани, за зголемување на невработеноста на највисоко ниво, скандалозната приватизација на ЕСМ од што последиците сите денес ги чувствуваме или субвенциите за земјоделците…

На овој 15 септември, потенцира, се држиме до ветувањата, се работи на програма и колку некогаш и да се чини невозможно се трудиме, потенцира тој, до крај да ги решаваме проблемите и да им помогнеме на граѓаните и токму затоа дури по шест години практикување на власта се уште граѓаните ни веруваат и ни даваат огромна поддршка.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пред членовите на Извршниот комитет, членови и партиски симпатизери на конференцијата истакна дека има само еден тип на влада во секоја држава, а тоа е народната влада, влада на која народот и ја дава довербата и влада која треба да има програма и да даде збор дека ветеното ќе го исполни.

– Ние сме подготвени за соочување со народот, а некои други се подготвени за секакви сценарија. Во дадениот збор е разликата. За нас зборот вреди, е пораката што ја упати Груевски пред, како што рече, најбројната и најмоќната младинска организација во Македонија – УМС на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ стана партија која и во најтешката светска економска криза ја доби довербата на мнозинството граѓани затоа што е партија на луѓе кои работат, ветуваат и исполнуваат.

Груевски изрази огромна почит за проектот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ „Се грижиме“ во рамки на кој е покажано особено внимание за илјадници лица на кои им е потребна помош како што се лицата со оштетен вид и слух, деца излезени од домови за деца без родители, постари и изнемоштени лица и многу други ранливи категории и граѓани. Продолжете така, им порача тој, бидејќи вие сте иднината не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на Република Македонија. Крајната цел на партијата, подвлече, е ангажирање на најдобрите човечки потенцијали за најодговорните државни позиции.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ