А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Туризмот во Македонија е со голем потенцијал за раст

by А1он29/07/2014 - 18:26222
Share0

Претседателот на Владата Никола Груевски, денеска се сретна со генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи, со кого разменија мислења околу стратегијата на државата за развивање на туризмот, предлог мерки и активности кои се реализираат за стимулација и негово промовирање и јакнење на капацитетите на тој план.

Следете a1on на Instagram Instagram

Премиерот Груевски посочи дека оваа посета е добра можност за споделување на најдобрите светски искуства, но и можност да се истакне дека туризмот во Македонија е гранка со голем потенцијал за раст, се наведува во соооштението од неговиот Кабинет. Владата, истакна премиерот, посветува особено внимание на неговиот развој и на промоција на Република Македонија како атрактивна туристичка дестинација во Европа, за што е формирано и посебно владино тело Комитет за туризам чија задача е токму унапредување на оваа дејност.

– Бројните мерки кои се преземаа на тој план придонесоа туризмот во Република Македонија да е еден од брзо растечките сектори во Македонија, истакна Груевски. На тоа поле, додаде тој, се преземаат повеќе мерки и инвестиции, како што се намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за туристичките услуги, субвенционирање на организиран странски туристички промет и субвенционирање на нискобуџетни летови до повеќе дестинации во Европа, развивање на концепт за туристички развојни зони, реализирани се бројни проекти за подобрување на туристичката инфраструктура преку изградба и реконструкција на патишта, плажи, скијачки терени и друго.

Премиерот Груевски истакна дека се работи и на обезбедување на подобрување на туристичките услуги и туристичката инфраструктура. Предвидени се повеќе проекти за развој на алтернативниот, руралниот, како и бањскиот, здравствен и рекреативен туризам.

Следете a1on на Youtube YouTube

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Рифаи ги поздрави напорите и мерките кои ги презема Владата, како и особеното внимание кое го посветува за унапредување на туризмот. Тој посочи дека Светската туристичка организација стои на располагање за соработка и развој на потенцијалите во сферата на туризмот, стои во соопштението.

premier

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он28/09/2026 - 08:2128/09/2026 - 08:44

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он01/06/2026 - 16:06

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:55

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он03/12/2025 - 19:5403/12/2025 - 20:00

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Горан Наумовски13/10/2025 - 14:08

Францускиот премиер поднесе оставка

Горан Наумовски06/10/2025 - 10:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео