Груевски: Сум и ќе бидам предводник на македонизмот

Од:

„Кај нас има волја да се реши прашањето за името, тоа е наш интерес, тоа прашање да биде надминато, да имаме пријателски односи со нашиот јужен сосед, да си помагаме, наместо да си одмагаме и да се бориме низ европските и светските институции како да се надмудриме“. Вака одговори премиерот Никола Груевски на новинарско прашање како гледа на владините иницијативи и конкретни чекори во однос на односите со Грција.

Според него, грчкиот претседател Карлос Папуљас треба да даде малку позитивна енергија во целата работа.

„Тој е доволно искусен и доволно возрасен и поминал многу низ политиката и добро знае оти на ваков начин нема да може да ги решава работите со постојано препукување за да се соберат некакви поени на домашен терен“, упати порака премиерот Груевски до грчкиот претседател, по барање на новинарите да ги коментира неговите обвинувања дека е предводник на македонизмот.

„Доколку Папуљас, сето тоа го кажува во смисла на поддршка на македонскиот индетитет, националност и македонскиот јазик, и оти во оваа држава, подвлече, мнозинството народ се Македонци и имаат такво чувство дека се Македонци, имаат национален и јазичен ентитет поврзан со Македонија и македонскиот јазик, тогаш, во една таква смисла, дециден е Груевски, можам не само да го прифатам тоа што го кажува дека сум предводник на македонизмот, туку можам и да потврдам дека со задоволство сум и ќе бидам, за разлика од некои други политичари во минатото кои свесно се прикажуваа и дејствуваа во правец на други држави, главно соседни, промовирајќи нивни идентитети и работи кои поврзуваат со нивниот јазик, националност и историја“, рече Груевски.

 

 

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он