Груевски со закани: Стево со 90 илјади евра нека е среќен што не е во друштво со ортакот Велија Рамковски

Од:

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски директно и јавно му се закани на независниот кандидат за градоначалник на Могила Стево Пивковски, кој влезе во вториот круг од локалните избори заедно со Славко Велевски, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што пренесе ТВ Телма, Пивковски го нарекол ортак на Велија Рамковски во случајот „Сведмилк“.

Како што рекол Груевски , Рамковски побарал од него да се стави клуч на млекарницата, бидејќи така ќе се поништи долгот што го имал. Во спротивно му се заканил дека заедно со своите ортаци ќе тргне против сите оние што ќе се спротистават на тоа, па и против премиерот, пренесува телевизијата.

„Следниот ден, првпат го гледаме на телевизија Стево. Тогаш видов кој бил ортакот на криминалецот. Се појави, вика напаѓа се заканува. Пак ми се јавува овој што сега е во затвор и ми вели, гледаш ли со кого имаш работа. Сакаш утре пак да ти ги донесам“, изјави Груевски.

Пивковски подоцна му се извинил на Груевски, а премиерот му простил, по што фармерот со 90 илјади евра од ИПАРД програмата изгради фарма во Могила.

На прашањето на Телма, дали ќе ја даде подршката на градоначалникот Славко Велевски и покрај тоа што тој јавно призна дека давал пари на социјално загрозени луѓе во општината и дека помагал за партиски вработувања во јавни претпријатија.

„Стево нека си ги гледа 90-те илјади евра и нека е среќен што не е веќе во друштво со ортакот, а Могила да си тера со чесен и исправен човек“, се закани премеиерот.

Пивковски, рекол дека не знае зошто треба да е среќен што не е во друштво со Велија, затоа што тврди, работи чесно и никогаш не го поддржувал Рамковски.

По првиот круг Пивковски води со 50 гласа пред кандидатот на владеачката партија, Велевски

Би можело да ве интересира

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он