Груевски со интензивна политичко-економка агенда вo САД

Од:

Македонската делегација на Генералното собрание на Обединетите нации која ја предводи премиерот Никола Груевски, денеска во Њујорк започна со повеќе билатерални и мултилатерални средби.

Шефот на Владата Груевски синоќа присуствуваше на приемот на шефовите на делегациите учесници на 68-то Генерално Собрание на Светската организација, што го организираше американскиот претседател Барак Обама.

Предвидено е тој да се обрати на Генералното собрание на ОН в петок.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, пак, кој е дел од македонската делегација, досега оствари средби со генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер, министерот за надворешни работи на Нов Зеланд Мареј Меккали, а се обрати и на министерскиот состанок на Организацијата на Франкофонијата и на високата средба посветена на Милениумските развојни цели.

Во рамки на работниот дел од посетата на САД, премиерот Груевски и владинате делегација ќе присуствува и ќе се обрати на бизнис форуми во градовите Принстон, Чикаго и Бостон каде што пред претставници на американски компании ќе бидат презентирани можностите за инвестиции во Македонија и поволностите кои земјата ги нуди за странските инвеститори. Во состав на делегацијата се заменик претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министрите за привлекување странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо, и владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Делегацијата ќе има и повеќе поединечни средби со претставници и менаџерски тимови на американски компании кои се потенцијални инвеститори во Македонија, како и со останати субјекти од САД кои учествуваат во сферата на економијата.

Во рамки на посетата на САД, премиерот Груевски во придружба на министерот за здравство Никола Тодоров, ќе посети и повеќе медицински центри, болници и здравствени капацитети во Принстон, Чикаго и Бостон, и ќе има средби со нивните менаџерски тимови, во насока на разгледување на можностите за остварување соработка помеѓу македонските и американските здравствени установи или конкретизација на соработката како резултат на претходно остварени контакти.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба