Груевски: Штип се сака со многу дела

Од:

Штип се сака со универзитет, Штип се сака со нова болница, Штип се сака со нова технолошко-индустриска развојна зона и Штип се сака со многу дела, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на Градскиот плоштад „Слобода“, каде го промовираше кандидатот за градоначалник Илчо Захариев и носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

– Актуелниот градоначалник Зоран Алексов и актуелните советници заслужуваат голема благодарност за реализираните проекти во изминатите четири години во Штип. Овој пат решивме да му дадеме поддршка и шанса на Илчо Захариев човек кој има работено во приватниот сектор, фармацијата и здравството. Тој е човек кој секогаш од својата позиција правеше чекор напред и кој има енергија да ги реализира проектите од програмата, рече Груевски.

Истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е сериозна политичка партија која ветува проекти кои се реални, а не како што во минатото, како што рече, ветуваше вработување на еден член од семејството.

Според него народот ги препознава лагите и нереалните ветувања на политичарите.

– Политичарите треба да направат подобри услови за живеење на граѓаните. Цврсто верувам дека како Влада направивме стратешки чекор со отворањето на Универзитетот во Штип кој за само неколку години веќе е на второ место по квалитет. Градот доби друга димензија, а кога бевме опозиција баравме во три наврати од СДСМ да се отвори Универзитетот во Штип. Тогаш од нив добивме одговор дека тоа неможело, дека универзитет можело само да има во Битола, во Скопје и во Тетово. Неможело да се отвори универзитет во Штип бидејќи немало доволно професори, студенти, но вие ги казнивте, рече Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски се осврна и на проектите коишто беа реализирани во изминатите четири години, но и на оние проектите кои што се наоѓаат во програмата на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев.

Според него во наредните четири години во Штип ќе се отворат нови работни места со новите фабрики во ТИРЗ, а исто така во април Владата ќе најави на кој начин ќе се финансира и ќе се гради автопатот Штип-Миладиновци, патна инфраструктура која што ќе го поврзе Штип со Скопје. Најави дека во Штип ќе се гради и нов објект на Клиничката болница бидејќи, како што рече, старата зграда не е веќе ниту за реконструкција.

Во штипската Клиничка болница ќе профункционираат современите медицински апарати, а исто така ќе се инсталира и акцелераторот кој е потребен за пациентите кои се болни од карцином со што нема да патуваат во Скопје.

Во програмата на градоначалникот Илчо Захариев предвидено е изградба на улиците „Вардарска“, „Христијан Тодоровски Карпош“, „Еврејска“, изградба на нов водовод во приградските населби Чардаклија , Балканска и Македонка, изградба на дом за стари лица, и реализирање на многу други проекти, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Ќе се поништат ли претседателските избори во Романија, не очекувале таков резултат

Предраг Петровиќ

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ