Груевски се сретна со претседателот на Сенатот на Канада, Кинсела

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска се сретна со Ноел Кинсела, претседател на Сенатот на Канада.

На средбата, соопшти владината прес-служба, беа истакнати одличните односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, и беше изразена посветеност за нивно континуирано развивање и унапредување.

Соговорниците разговарале за можностите за продлабочување на економските односи, зголемувањето на економската соработка и трговската размена и соработката на полето на инвестициите, за што има поволни услови и законска регулатива. Двете страни изразиле интерес за унапредување на договорната правна рамка меѓу двете држави за што особено позитивно би влијаело потпишувањето на Спогодбата за заемна заштита на инвестициите и Спогодба за одбегнување на двојно оданочување, како и Спогодбата за воздушен сообраќај.

Премиерот Груевски изразил благодарност до Кинсела за поддршката на македонските евроатлански интеграции и принципиелните позиции на Канада во однос на реализација на нашите стратешки определби и го истакнал долгорочниот интерес на Република Македонија за севкупно интензивирање на политичкиот дијалог, како и натамошна блиска соработка со Канада, во сите полиња од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Премиерот искажал иницијатива за разгледување на можностите за либерализација на канадскиот визен режим кон Република Македонија, и за олеснување на процедурите за добивање визи за нашите граѓани за што од битно значење е отворањето на канцеларија на Канада во нашата земја каде што граѓаните ќе можат да аплицираат за канадска виза.

Претседателот на македонската Влада го запознал својот гостин со реформите и со нашите активности за европска и евроатланска интеграција и напорите кои што ги преземаме за надминување на отвореното прашање со Грција, а исто така го запознал гостинот за придонесот на нашата држава во мировните операции на НАТО.

Би можело да ве интересира

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он