Груевски се сретна со Јеремиќ

Од:

Премиерот Никола Груевски синоќа оствари средба со претседателот на 67. заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации, Вук Јеремиќ, во рамки на глобалниот економски форум „Астана 2013“.

Владината прес-служба денеска соопшти дека двајцата соговорници ја потенцирале важноста за учество во глобалните настани како форумот во Астана на кој се разговара на економски теми кои ги засегнуваат економските односи на државите учесници, и кои се важна детерминанта во надминувањето на предизвиците од светската економска криза со кои регионите и светот се соочуваат.

Претседателот на македонската Влада ја истакнал важноста од размената на искуства, и фактот дека ваквите настани се добра можност за запознавање на соговорниците и учесниците со процесите и глобалните економски трендови. Таквата партиципација, според Груевски, дава шанса за промоција на потенцијалите, капацитетите и реформите кои ги прават државите за зголемување на инвестициската активност и привлекување на странски капитал. За Република Македонија овој сегмент е исклучително значаен, бидејќи ваквиот форум е добра можност на едно место да се сретнат стопанственици на водечки компании и конзорциуми, научници и нобеловци од сферата на економијата, да се оствари контакт со нив и да се промовираат реформите и потенцијалите кои се нудат за инвестирање.

Јеремиќ го искажал задоволството од учеството на Република Македонија на економскиот форум во Астана, и истакнал дека Обединетите Нации како субјект кој е еден од организаторите на овој глобален настан се заинтересирани за што поактивна улога на државите во процесот на заедничко изнаоѓање на решенија за актуелните прашања.

Соговорниците, како што е наведено во соопштението, размениле мислења и за интеграциските процеси во регионот на Југоисточна Европа, за потребата од континуирани реформи за достигнување на повисоки стандарди во секоја сфера од општествените процеси, и за модалитетите на менаџирање на ефектите и надминување на последиците од глобалните и регионални негативни економски текови, со цел создавање услови за економски развој.

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on