Груевски се сретна со губернаторот на Ниженовогородската област

Од:

На средбата со губернаторот Валериј Шанцев биле истакнати заложбите за личен ангажман во поддршка на македонските и на руските компании од Ниженовогородската област, за воспоставување на поблиски односи, унапредување на соработката и динамизирање на односите во проекти од заеднички интерес.

Се разгледуваше и можноста и опциите за реализација на заеднички проекти помеѓу
компаниите од двете земји. Акцент беше ставен на сферите на земјоделието, туризмот и
недвижностите.

Премиерот Груевски ги претстави поволностите кои нашата земја ги нуди на странските инвестиции, при што истакна дека стабилната економија, инвестицискиот пакет кој го нудиме за поддршка на инвеститорите, либерализираната трговија со сите земји од континентот Европа и податоците за движењето на макроекономските индикатори во Република Македонија се добра гаранција дека оние инвеститори кои ќе се одлучат за инвестиции во
Македонија можат да очекуваат развивање и оплодување на својот бизнис.

Губернаторот Шанцев, позитивно ги оцени добиените информации, и истакна дека службите на областа активно ќе лобираат кај новогородските стопанственици за остварување на конкретни проекти во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка