Груевски се сретна со бразилскиот министер за надворешни работи Патриота

Од:

Премиерот Никола Груевски во рамки на политичко економската посета на Федеративната Република Бразил се сретна со бразилскиот министер за надворешни работи Антонио Патриота.

На средбата е разговарано за можностите за продлабочување и интензивирање на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите, како и унапредување на севкупната соработка во сите сфери од заемен интерес.

Како што соопшти денеска владината прес-служба, била афирмирана волјата и заедничката иницијативност за надградување на правната рамка која ќе овозможува подинамична соработка помеѓу двете земји и било констатирано дека преку потпишување повеќе договори од областа на економијата, финансиите и образованието сериозно ќе се унапреди соработката и на државно ниво и на полето на приватната иницијатива помеѓу компаниите од двете земји, за што се преземаат и конкретни мерки.

На средбата на премиерот Груевски и бразилскиот министер за надворешни работи биле опфатени и теми за заложбата за воспоставување меѓупарламентарна соработка помеѓу двете земји на директно парламентарно ниво и соработка на полето на дипломатската едукација на кадри.

Би можело да ве интересира

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

A1on