Груевски се сретна со алпинистката Илина Арсова

Од:

Претседателот на Владата Никола Груевски денеска оствари средба со Илина Арсова, алпинистката која се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

На средбата, премиерот Груевски лично и од име на Владата упати честитки за залагањата и вложениот труд кој вроди со успешно завршување на еден од најголемите алпинистички предизвици, искачувањето на Монт Еверест.

Премиерот Груевски, како што информира владината прес-служба, посочи дека подвигот на Арсова, која воедно е и првата жена од Македонија која го искачи овој планински врв, претставува достигнување и успех за секоја жена симболизирајќи истрајност, нескршливост на духот и потврда за огромната желба да се достигне успех кој ќе остане трајно врежан.
Алпинистката Арсова го информираше премиерот за деталите околу планинарската експедиција, за предизвиците со кои се соочувала во текот на искачувањето и начинот на кој беше постигнат успехот.

Премиерот посочи дека успехот на Арсова претставува колективен успех и радост за државата, но и добар пример дека преку развој на спортот и јакнење на спортскиот дух се вложува во добра иднина на младите и нивен квалитетен развој.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка