Груевски: СДСМ ја прокоцкаа шансата со лажни ветувања

Од:

„На митингот на СДСМ зборуваа луѓе кои немаа кредибилитет, имаа добиено шанса во минатото во повеќе наврати од страна на граѓаните, но, ја прокоцкаа со тоа што давале лажни ветувања и не сработиле ништо во својот мандат што е вредно да се запомни и што може да им остави траг во меморијата на граѓаните“, изјави премиерот Никола Груевски.

„Од тој аспект беше чудно да слушаме како Црвенковски се обраќа на пензионерите на кои во неговиот мандат им ги намали пензиите, им ги ускрати оние осум отсто, а сега ги повикува да гласаат за него или пак за земјоделците на кои речиси никогаш не им даде субвенција, а денес ги повикува да го поддржат повторно. Истото би можел да го кажам и за сите останати категории како луѓето кои примаат социјална помош или луѓето во администрацијата кои во негово време не се сеќаваат за некакво зголемување или придвижување“, рече Груевски.

Според него, најсаркастично е обраќањето на Црвенковски кон бизнисмените кои во негово време живееја во атмосфера на шверц, криминал, атмосфера на фаворизирање на одредени олигарси блиски до него.

„Атмосфера на кршење на ембарго од страна на одредени поединци, атмосфера во која што, вели, вирееја балканските криминалци и шверцери кои до ден денес со носталгија раскажуваат за тоа време како се договараа со властите“, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ