(ВИДЕО) Груевски: СДСМ да го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Струга

Од:

Кога е во прашање Струга не треба да се зборува за Бранко, Љубчо, Никола, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ или некоја трета партија, нема простор за кавги и пофaлби. Овде има само еден и единствен приоритет, а се друго треба да го ставиме на страна и да го заборавиме, порача Груевски од Струга, од каде ја повика СДСМ и сите други партии да го поддржат нивниот кандидат за градоначалник.

„Ги повикувам сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност, без разлика дали се ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, да го изберат најдоброто решение, да го изберат човекот кој по сите јавни истражувања и анкети важи за човек со многу висока доверба и авторитет и кредибилитет, за работник, за човек кој исполнува се што е потребно да биде избран за градоначалник на Струга, д-р Владо Кочовски. Ова е човекот кој нема да ги дели граѓаните по партии и етникуми“, рече Груевски.

Груевски рече дека оти до сега имало кочници во однос на реализацијата на одредени инфраструктурни проекти наменети за Струга и затоа преминале во опозиција во овој град.

„Сега е време да се обединиме, да постигнеме заеднички нови дела од корист на народот. Со заеднички сили и ние од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ и Македонците и Албанците, Турците, Ромите, Власите да го дадеме својот глас за нови дела и нови успеси за човекот кој знам дека тоа може да го испорача.

– Со проектот Македонија 2017, Струга 2017 година секој град ќе добие нов модерен и урбан лик, и затоа и Струга нека биде меѓу нив. Затоа и Струга нека биде онаа за која во 2017 ќе кажеме дека е променета многу кон подобро.Потребно е на 24 март стружани масовно да излезат“, рече Груевски.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски