Груевски: Реализација на три клучни проекти од програмата за Катастарот

Од:

Три суштински измени на Законот за катастар, најави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Велес.

Првата е можност за бесплатна изработка на елаборати за легализација на дивоградби за околу 40.000 лица приматели на социјална помош и постојана парична помош. Тие ќе имаат можност своите дивоградби да ги легализираат без да го платат трошокот за елаборатот.

Втората значајна измена е воведување регистар на цени на пазарот на недвижности. Во него, како што појасни премиерот Груевски, ќе се внесуваат сите цени на сите продадени недвижности во Република Македонија.

– Тие ќе бидат ориентир на компаниите и граѓаните за движењето на цените во таа област, кои ќе бидат достапни електронски за да може секој да ги види, рече Груевски.

Третата клучна измена на Законот за катастар е создавањето електронски шалтер на Катастарот, кој што ќе им помогне на граѓаните да ги соберат потребните податоци.

– Досега имаше електронско поврзување на Катастарот со нотарите, а отсега ќе има и со судовите, обвинителите и со матичната евиденција, како и со поголем број други институции во државата кои имаат потреба од катастарски податоци. Така што, Катастарот и огромен број институции, ќе бидат електронски поврзани. Услугите од Катастарот ќе се користат по електронски пат што значително ќе ја забрза работата во услужувањето на граѓаните, појасни Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски