Груевски: Растот на индустриското производство добар показател за развој на економијата

Од:

Државниот завод за статистика денеска објави дека индустриското производство во јуни 2014 година, во однос на јуни лани е поголемо за 4,9 отсто, што е одличен раст и е добар показател за развој на економијата.

Ова го изјави денеска премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од капиталниот проект „130 тома македонска книжевност“.

Индустриското производство во првото полугодие од оваа година, како што рече премиерот, во однос на истиот период лани е поголемо за 4,5 отсто.

– Растот на индустриското производство е одличен тренд. Пред некое време ги видовме и другите податоци што излегоа како што се за прометот во индустријата, за бруто домашниот производ и за извозот и многу други параметри, рече Груевски и додаде дека се наоѓаме во време кога економијата, особено индустријата има одличен развоен тренд.

Работиме на тоа, истакна премиерот, тој тренд да трае подолго, повеќе да опстојува и да расте.

– Секако тоа не зависи од нас, туку и од опкружувањето, а најмногу од земјите во кои извезуваме и со кои соработуваме. Со надеж дека и европската економија ќе продолжи со опоравување веруваме дека и овој тренд ќе биде што подолг, што секако ќе се одрази на нашата крајна цел, а тоа е отворање на нови работни места во Република Македонија, нагласи премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски