А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Проактивната поддршка на Италија значајна за евроинтеграциите

by А1он25/07/2014 - 16:53101
Share0

Евроатланските интеграции остануваат приоритет во работата на Владата. Италијанското претседателство со ЕУ е значајно за регионот во актуелниот контекст по европските избори, а важна е и проактивната поддршка на Италија на напорите на Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова го истакнал премиерот Никола Груевски на денешната средба со министерката за надворешни работи на Република Италија, Федерика Могерини, заблагодарувајќи се за досегашната поддршка на Италија во однос на овие суштински процеси.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата соговорниците го изразија задоволството од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Италија и воедно посочија подготвеност за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите области од взаемен интерес.

Премиерот Груевски ја истакна заложбата за продлабочување на економската соработка, како и проширување на секторската соработка.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Премиерот Груевски истакна дека Италија е мошне значаен трговски партнер, и досега земјата има позитивно искуство од реализацијата на неколку инвестиции што докажува дека има потенцијал, кој може да биде искористен во насока на јакнење на трговските и економските односи меѓу двете пријателски држави. На средбата беа истакнати и полињата каде може да се соработува, потенцирајќи ја областа на трговијата, енергетиката, земјоделството и образованието, се вели во соопштението.

Соговорниците изразија надеж и подготвеност за интензивирање на соработката и продлабочување на взаемните билатерални и економски односи.

vlada

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 11:04

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Горан Наумовски05/08/2026 - 15:40

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 10:44

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

Катерина Ѓуровски05/08/2026 - 09:06

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Горан Наумовски30/07/2026 - 09:38

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски29/07/2026 - 20:0929/07/2026 - 20:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео