Груевски: Пратениците не може да имаат две работни места

Од:

Со професионализација на пратеничката функција се зголеми присуството на пратениците во Парламентот и нивната посветеност, оценува премиерот Никола Груевски на вчерашната собраниската седница посветена на пратенички прашања.

Во одговор на прашање од пратеникот, Изет Зеќири од НДП за последните измени на Законот за високо образование, по скратена постапка, со кои тој смета дека се крши автономијата на Универзитетот, Груевски одговори дека причина била постоењето колизија, односно еден дел од пратениците да можат да земаат плати од две места. Според Груевски, со ова прашање Зекири го проблематизира концептот за професионализација на пратеничката функција.

– Мое мислење е дека од кога се напушти стариот концепт кога оваа функција не беше професионално обавувана, се зголеми присуството на пратениците во Парламентот и нивната посветеност. Но, секој модел има предноси и по некои слабости. Пратеникот знаел дека кога се кандидира за пратеник плата може да зема од едно место, додека другото место им мирува. Сево ова е работа на личен избор – рече премиерот Груевски.

Според него, има многу луѓе што не се кандидирале за пратеници од причина што го познаваат законот и се откажале од кандидатурата.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски