Груевски повторно одби да одговори кои се странските служби кои прислушувале

Од:

Премиерот, Никола Груевски, одби да одговори на пратеничкото прашање на Горан Мисовски од НСДП, кои се странските служби кои го вршеле масовното прислушување во кое биле следени комуникациите на илјадници македонски граѓани. Груевски му порача на пратеникот за истото прашање да побара одговор кај првобвинетиот во случајот „Пуч“, поранешниот директор на УБК, Зоран Верушевски.

-Го упатувам Мисовски да ја следи судската расправа во која верувам посочената личност ќе каже кој стоел зад него. Можеби одговорот го знае и оној што му прати писмо во кое кажува детали поврзани со други држави и премиери. Мисовски подобро од нас може да дознае и преку судскиот случај и преку човекот кој праќал писмо до Верушевски – рече Груевски мислејќи на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Мисовски рече дека не е задоволен од одговорот. Вие тврдите, рече тој, дека прислушувале странски служби, а не Верушевски.

-Верушевски не беше на прес и не го кажа тоа што вие го кажавте. Лично вас ве прашувам, посочивте странска служба, од вас барам да и го објасните тоа на јавноста. Зошто не го повикавте амабсадорот од таа земја и зошто не го протеравте? Тоа е европски стандард. Вие посочувате на странска служба затоа ве повикав јавно да ја обелодените странската служба и државата која стои зад неа. Жалам што не ја искористивте шансата да ја посочите странската служба како и земјата која стои зад неа и жал ми е што невини луѓе лежат во затвор – рече Мисовски.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Росен Жељазков е нов премиер на Република Бугарија, изгласана е новата Влада

Горан Наумовски

Бугарија: Жељасков го прифати мандатот, идната влада ја сочинуваат три партии

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on