Груевски: Политиката на отворени врати не прави сериозна движечка сила

Од:

Со над 150.000 членови, ВМРО-ДПМНЕ е најголемата и најсилна политичка партија во Република Македонија, а и довербата што народот на избори ни ја даде седум пати по ред покажува дека излегуваме од рамките на партија и прераснуваме во една сериозна сила на луѓе со способност, верба, мотив, волја да придонесат за натамошен развој на земјата.

Политиката на отворени врати да му дадеме шанса на секого, е она што како партија не разликува од другите.

Ова го изјави вчера премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на прослвата на 23. роденден на партијата и 120-годишнината од основањето на ВМРО, на која покрај партиското раководство, присуствуваа партиски членови, симпатизери, пратеници, министри, високи државни функционери, претставници на партиите од владеачката коалиција, дипломатскиот кор, истакнати личности од јавниот живот.

– Доказ за тоа е нашата отвореност и одлучност да дадеме еднакви шанси на сите, да бидеме отворени, што беше позиривно прифатено и препознаено од граѓаните како уште еден наш позитивен и искрен пристап кон општото добро што даде и огромен одѕив на огласите за раководење со функциите кои ги објавуваме.

– За разлика од нашиот противник кој еве слушаме продолжува со истите луѓе и поматаму, кои со години беа во тоа раководство блиску до нивниот лидер и безпоговорно го слушаа, рече Груевски.

Тој потенцира дека како владеачка партија остануваат отворени и посветени на исполнувањето на стратешките цели – членство во ЕУ и НАТО и оти пречката која стои на тој пат двојно повеќе ќе не мотивира со двојно повеќе работа да истраеме со цврст чекор на патот кон овие две цели.

– Минативе години добивавме многу позитивни извештаи на ЕК и исто токлу препораки за почеток на преговорите за членство во ЕУ доби нашата Влада, но секогаш потоа следеше статус кво.

– И некако соочени со тие непринципиелности како сите ние да отрпнавме на тоа. Иако повторно се сработивме и тоа беше констатирано, повторно сме соочени со попречување.

– Нашиот сосед Грција, за жал, личи како да одбегнува интензивни разговори за отвореното прашање кое не попрелува, а од сруга страна ЕУ, дел преку објективното присуство на нивната земја членка, но дел и со помош на фактори во земјава кои се обидуваат да им дадат аргументи, се повеќе се пасивизира и заради сопствената немоќ да се справи со овој проблем го турка под тепих, и не исклучуваме во некоја иднина дури и да се обиде да се смисли секаква причина, за само причината за попречување на нашиот прогрес да не е Грција, затоа што ако Грција се прикаже како причина за наше држење на страна толку години, што е и објективно така, тогаш се покажува недостаток во нивниот систем на уредување, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ