Груевски: Остануваме посветени на ветеното, ќе се зголемат пензиите и социјалната помош

Од:

Посветени сме на она што го ветивме и ќе останеме посветени на тоа, независно што се случува и со какви подмолни напади се соочуваме, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се реализираат одредени проекти како што сe зголемувањето на пензиите и социјалната помош, со оглед на сериозната политичка состојба во земјата.

Владата, нагласи, ќе остане посветена на реализација на она што е ветено во предизборната програма и ќе останат доследни на тоа.

– Сакам да истакнам дека досега пензиите се зголемија во просек од околу 62 проценти за просечната, над 70 минималната, а ќе следи и натамошно зголемување онака како што е предвидено во програмата. Оваа година тоа ќе биде во септември со октомвриската пензија, изјави Груевски по промоцијата на нови наслови од проектот „Превод на 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“.

Според него, и социјалната помош ќе се зголеми за пет отсто, онака како што беше предвидено и ветено во програмата за кон средината на годинава.

Би можело да ве интересира

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени