Груевски: Остануваме посветени на Кичево, Кичево е Македонија

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска го посети Кичево со цел да разговара со граѓаните за новонастанатата состојба и да се сретне со досегашниот градоначалник Благоја Деспотовски, кој не успеа да добие нов мандат.

Деспотовски беше кандидиран за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од СДСМ. Градоначалничкото место во првиот круг го освои Фатмир Дехари од ДУИ, поддржан и од ДПА.

Го разбирам гневот и револтот кај луѓето затоа што тое е и мој гнев и мој револт. Тие имаат проблеми сега, имаат предизвици, а тоа се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука, изјави Груевски.

Јас, како што нагласи, не бегам од народот.

Дојдов тука во Кичево за разлика од некои други што ги немаше ни претходно ни сега и за разлика од некои кои сакат да создадат раздор да исполитизираат. Јас сум тука и ќе дојдам повторно, нагласи Груевски.

Владата, додаде тој, и понатаму ќе продолжи да работи за Кичево, да прави се што може да им помогне на кичевци.

Ние остануваме за Кичево, Кичево е Република Македонија и ќе остане Република Македонија, а Владата во иднина ќе ги утростручи напорите да им помага на овие луѓе тука, да има повеќе работни места, изградба и инвестиции во Кичево со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуват, а тоа е поквалитетен живот. Кичевци заслужуваат поквалитетен живот и ние сме тука како Влада и остануваме зад Кичево да се бориме да им помогнеме да се развива градот и да оди напред, изјави Груевски.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба