Груевски: Новите турски инвестиции ќе отворат најмалку 700 работни места

Од:

Посетата на Турција беше една од поуспешните роуд-шоуа што ги реализира Владата, оцени денеска премиерот Никола Груевски. По остварените средби, разговори и промоции, пет компании, за изградба на земјоделско-дистрибутивен центар, за изработка на пластика, за мермерни производи, за различни видови амбалажи и за медицинска опрема, објавија влез во Македонија. Тоа би значело вкупна почетна инвестиција од 23 милиони евра и вработување на минимум 700 лица.

– Презентациите или како што се нарекуваат роуд-шоуа, во Турција беа едни од поуспешните кои досега сме ги имале, односно со првично брзи резултати кај некои од инвеститорите, невообичаено брзи. Имавме не само во пет града презентации, туку и поединечни разговори во секој од тие градови со најмалку 10-ина, а некаде и 15 врвни компании кои изразија интерес за поединечни разговори за да одат во детали поврзани со нивните бизнис-идеи и да прашуваат што се произведува во Македонија и слично, изјави Груевски по пуштањето во употреба на повеќенаменско игралиште и реконструираното подрачно училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.

Според премиерот, освен фабриката за медицинска опрема, другите четири компании првпат објавиле дека ќе инвестираат во Македонија.

– Фабриката за медицинска опрема има и претходно објавено, а сега само кажа дека во октомври ќе ја почне градбата на фабриката. Петте компании сами дадоа изјави дека донеле одлуки за инвестирање. Покрај овие пет, и голем број други компании можеби 10 или 15 во разговорите ни влеаја голема надеж дека брзо ќе донесат и објават инвестиција во Македонија, посочи Груевски.

Би можело да ве интересира

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба