А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Груевски: Нови 250 деца од социјални семејства од утре на бесплатен одмор

by А1он24/07/2014 - 14:06135
Share0

Нови 250 деца од социјално ранливите категории утре ќе заминат на бесплатно летување што го обезбедува Владата преку проект на Министерството за труд и социјална политика.

Добивај вести на вибер

Премиерот Никола Груевски денеска на официјалниот почеток на градежните работи за проширување на булеварот „Партизански одреди“ изјави дека како Влада планираат да продолжи овој проект и во иднина.

– Проектот континуирано се спроведува од летото 2012 година така што продолжуваме и годинава на децата кои припаѓаат на социјално загрозените семејства и децата кои се без родителска грижа да им обезбедиме бесплатно летување. Следната група од нови 250 деца поаѓа утре. Годинава заминаа 680 деца и има уште пет смени со 1.070 лица, истакна Груевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Според него, со овој проект се обезбедува целосно бесплатно летување или зимување на децата од социјално загрозените семејства со што се покажува грижа за оваа категорија граѓани.

– Во неколку наврати ги посетив и можам да кажам дека во многу случаи огромен број деца првпат заминуваат на летен или зимски одмор. Тоа е големо задоволство за нив, нешто што ќе го помнат цел живот. Тоа е нешто што им помага да не се чувствуваат поразлични од другите деца кои редовно одат на одмор. Затоа државата интервенира со ваква мерка, нагласи Груевски.

premier

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски09/09/2025 - 20:1809/09/2025 - 20:18

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски02/09/2025 - 21:0902/09/2025 - 21:09

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Горан Наумовски29/08/2025 - 07:38

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он05/05/2025 - 20:01

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

Горан Наумовски15/12/2024 - 11:08

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски12/11/2024 - 08:1212/11/2024 - 10:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен