Груевски: Никогаш не сум зел еден и пол милион евра за продажба на „Македонска банка“

Од:

– Јас никогаш не сум земал еден и пол милион евра кеш, ниту на било кој друг начин, ниту пак помала или поголема сума за продажбата на Македонска банка. Од тука сите други обвинувања кои произегуваат од тоа се невистинити. Иако клеветата од Заев е за непостоечки акт постар од 10 години, јас за секој случај одлучив да поднесам тужба за клевета за да со сигурност се расчисти оваа валкана манипулација и да добие судска разврска – изјави премиерот Никола Груевски во интервју за Македонската информативна агенција.

Во интервјуто, Груевски зборува и за каса прими документот кој го објави бизнисменот Загорац Тумбовски, но и за партискиот печат.

– Во времето кога започнаа големите реформи во ВМРО ДПМНЕ во 2003-та кои добија на интензитет во 2004-та се случи ситуација да исчезне партискиот печат. Раководството на партијата веднаш го прогласи за невалиден со пријава во надлежните органи и извадивме нов печат кој се разликува од претходниот. Сега гледам дека некој се обиде да направи евтин трик со тоа, користејки правосилно осудена личност на 6 години затвор за различни кривични дела меѓу кои и за фалсификат, и личност која е во бегство. Дознав дека и таткото на таа личност бил осуден на 4 години затвор. Наводниот потпис на Јанкулоска од авион се гледа дека не наликува на тој кој го видовме во медиумите. И овој случај беше дел од набрзина сменетата стратегија на СДСМ за вториот круг. Но и овој случај е во институционална разврска и се надевам на брза разврска на тој случај – вели Груевски.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски