Груевски: Немав намера да повредам ничии чувства на митингот во Прилеп

Од:

Во врска со изјавата на г-дин Тачко Локвенец, би сакал да истакнам дека на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп немав никаква намера да повредам нечии чувства, особено не на г-дин Тачко Локвенец, стои во писменото соопштение од кабинетот на премиерот Никола Груевски.

Останува фактот дека г-дин Тачко Локвенец, во весникот кој самиот тој го уредува на насловната страна, весник и насловна страна кои градоначалникот Марјан Ристески јавно ги покажа на митингот, се има најпозитивно изјаснето за градоначалникот Марјан Ристевски, објавувајќи го насловот Марјан Ристевски градоначалник посветен за европски Прилеп.

Надоврзувајќи се на овој факт, во мојот говор употребив хумор без никаква интенција да предизвикам повреда на нечии чувства, но доколку г-дин Тачко Локвенец се нашол повреден од тоа му се извинувам за нанесената болка.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада